Што ќе донесат јавните дебати за уставните измени?
Уставни измени во овој пратенички состав се речиси невозможни. И професорот Спасеновски и аналитичарот Арсовски се со став дека не треба да се има големи очекувања од јавната расправа која власта ја најавува за во мај, бидејќи и во првата фаза, 80 пратеници треба да дадат поддршка за да се изгласа потребата од уставни измени.
Власта не смее да ги игнорира ниту анкетите на јавното мислење. Ако две третини од граѓаните се против впишување на Бугарите како конститутивен народ, партиите не можат да туркаат процес против нивната волја.
Премиерот Ковачевски најави дека во мај ќе стартува процесот на јавна расправа за уставните измени најпрво на експертско ниво за да се изгради широк општествен консензус.
Од ВМРО-ДПМНЕ без чија поддршка иземни на Уставот не се можни, остануваат на ставот дека ниту една партија нема мандат од граѓаните за ваков чекор и затоа се потребни предвремени избори.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар