Живот
19. August 2015 - 16:05

Што има за ручек? Џиновски питон најден зад ресторан

Џиновска змија долга осум метри е откриена само неколку метри од гостите во еден кинески ресторан.

Вработените во ресторанот во Тонбури, во Банкок, Тајланд го откриле масивниот рептил, најверојатно питон, на улицата зад ресторанот.

Змијата ја фатил тим составен од 17 пожарникари.

Мажите кои стоеја во една линија, и ја покрија главата на змијата, пред да и го подигнат телото.

Локаните жители се собраа да го видат ѕверот, а беше измерена и неговата тежина од околу 150 кг.

Ваков вид на питот ретикулатус се наоѓа во Југоисточна Азија и е еден од најдолгите змии во светот.

Но обично просечна нивна должина е од 3 до 6 метри.

Значи ова е редок џиновски примерок што можеше да направи голема штета во населено место.