Македонија
15. September 2021 - 16:40

Што ги тера докторите да трчаат на локални избори? Јаваат ли партиите на авторитетот на лекарите?

Професори на медицински, хирурзи, специјалисти...Едни ќе се борат за градоначалничката фотелја други за советите во општините. И официјално, според податоците од ДИК, речиси сите партии на 17 октомври гласовите од народот ќе ги бараат со помош на лекарите. Во Битола, Гостивар, Штип, Охрид, и најмногу во Скопје, здравствениот кадар е не високите добитнички места. Дали преку Мој Термин ќе оди средбата со првиот човек на општината а на совет ќе има дискусии за медицински дијагнози на пациенти? Ова се дел од коментарите по социјалните мрежи откако беа објавени советничките листи. Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија и јавно ги праша своите колеги дали ќе прават мини општинска поликлиника.

-Со толку многу мои колеги доктори во сите советнички листи, во секој општински совет ќе може да направите МИНИ ОПШТИНСКА ПОЛИКЛИНИКА.

Барем воведете и ден кога во општинските згради ќе има бесплатен консултативен преглед за граѓаните од Општината.

Да имаат некаков бенефит и тие, напиша Беќаровски на Фејбук.

Од еснафските здруженија не сакаат да зборуваат пред камера, но со оправдување до колегите дека имаат уставно право за нивниот избор. Но нема одговор кој е бенефитот децениското учење за да биде заменето со политички ангажман на локално ниво и тоа во време на пандемија со ковид 19 кога медицинскиот персонал е најпотребен.

Едни заминаа во Германија други во политиката и ќе нема кој да го лекува народот, коментираат граѓани.

Не е прв пат лекарите белиот мантил да го заменат со пратенички или градоначалнички мандат а според премиерот Заев тие со своето знаење можат да имаат голема улога и како опшествено одговорни поединци.

-Зборувајќи во суперлатив за лекарите, тие се и општествено одговорни и ги има и за кандидати за градоначалници, совети, извршни функции и со своето знаење можат да дадат голем придонеса и во општественото живеење, изјави Зоран Заев.

Колку од лекарите кои ќе ја трчаат изборната трка ќе функционираат и на локално ниво или ќе се откажат од тоа во интерес на медицинската професија ќе знаеме по локалните избори.