Балкан
25. May 2016 - 20:37

Штитеник загина при пожар во Дом за деца со пречки во развојот во Србија

Едно лице загина денеска при пожар во Дом за деца и младинци со пречки во развојот во новосадското предградие Ветерник, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.  

Директорот на Домот, Зоран Арбутина во изјава за Танјуг рече дека загинатото лице е 22-годишен штитеник на оваа институција.

Арбуитна нагласи дека засега не може да соопшти детали за причините за избувнувањето на пожарот, додавајќи дека полицијата се уште не завршила со увидот.

Во гаснењето на пожарот учествувале 15 пожарникари со шест возила од противпожарната единица од Нови Сад.