Македонија
8. May 2017 - 14:01

Штипското село Криви Дол доби нова водоводна мрежа

Заврши изградба на водоводната мрежа во штипското село Криви Дол, информираше на денешната прес-конференција директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев.

Екипите на ЈП „Исар“ во рок од две недели ја изградија водоводната мрежа, која е во должина од 1.400 метри, а за два дена на оваа мрежа ќе бидат приклучени сите домаќинства. Жителите во селото Криви Дол во текот на летните месеци имаа проблеми со водоснабдувањето.

- Во ова село инвестиравме 20.000 евра. Работиме интензивно, бидејќи за нас сите граѓани на Оопштина Штип се важни. Во текот на наредниот период ќе продолжиме заедно со општината сите села да добијат питка вода за пиење и ќе го надминеме проблемот кој што беше со години, кога носевме цистерни со вода за населението, вели Бојаџиев.

Тој истакна дека во тек и во завршна фаза е и изградбата на водоводната мрежа во штипското село Врсаково, каде што населението, но и граѓаните кои се враќаат на своите имоти во текот на викендите имаат потреба од квалитетна вода за пиење.