Штипското комунално претпријатие заглавено во долгови
Штипското јавно комунално „Исар“ е најголемо во источниот регион, но истовремено е и најголемиот загубар. Директорот на претпријатието Кирил Зајков во интервју за МИА обелодени дека вкупниот долг изнесува 3.6 милиони евра или 223 милиони денари.
- Во моментов Јавното претпријатие должи 78 милиони денари на добавувачи, по основ на стоки и услуги, како и 145 милиони денари кон Министерството за финансии по основ на камата, за кредит кој веќе е исплатен и тоа нешто нас, како jавно претпријатие месечно не чини повеќе од 3,5 милиони денари, изјави Кирил Зајков, директор на ЈП„Исар “- Штип
Во изминатите месеци се реализирале пет мерки за финансиски спас на комуналното претпријатие кое опслужува над 50.000 жители, студенти, но и илјадници граѓани кои од соседните општини секојдневно доаѓаат на работа во ТИР зоната или во домашните индустриски зони. Зајков најави дека следи систематизација на работните места во ова претпријатие, кое е пренатрупано со вработени, а вработувани се по партиски клуч цели три децении.
- Отпочнавме процес на функционална анализа, која ќе даде одговор кои работни позиции се реална потреба на јавното претпријатие, а кои не се. По завршувањето на функционалната анализа ќе изработиме нова модерна систематизација, која точно ќе ги систематизира реалните потреби од работници во претпријатието, со прецизно дефинирани работни задачи, кои треба да дадат одговор на едно модерно и функционално претпријатие, кое ќе биде успешен сервис на барањата на граѓаните на општина Штип, додава Зајков.
Како втора рестриктивна мерка, претпријатието ја укина исплатата на прекувремени работни часови, освен во секторот водоснабдување.
-
Tрајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар