Штипско културно лето од утре до 26 јули
Триесет и два културни настани од кои пет книжевни претставувања, четири изложби од кои една е на уметнички фотографии, пет концерти, пет тетарски претстави од кои две од странство и четири манифестации кои се класифицирани во категоријата разно, се дел од програмата на 32.Штипско културно лето кое почнува утре, а ќе трае до 26 јули.
Програмата на оваа најстара културна манифестација денеска на прес-конференција ја презентираше портпаролот на општина Штип, Драган Ристов.
Според Кирил Панајотов од Одделението за јавни дејности, и годинава доминираат домашни автори, но има и новитети.
- За прв пат во рамки на Штипското културно лето се организира прв интернационален фестивал на пејачки групи „Астибо фест 2017„ во организација на Градскиот хор, а ќе се оддржи во Домот на младите, додека од претставите, имаме гостување на „Театар 34“ од Нови Сад, Србија со претставата „Деветка“, како и претставата „Хотел меѓу небо и земја“ на театарот од Пазарџик од Бугарија. Од претставите треба да се споменат и домашните, штипски претстави на Народниот театар од Штип, „Лазаревото писмо“ и „Отворач за конзерви“, рече Панајотов.
Свеченото отворање е в четврток, со концертот на Гуру Харе и Сашо Гигов-Гиш со почеток во 21 часот во Домот на млади, а на затворањето на 26 јули ќе се одржи изложба на уметничка фотографија. За годинашново Штипско културно лето, од буџетот на општина Штип се издвоени 800.000 денари.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција