Штипските пожарникари на терен заедно со Армијата го гаснат пожарот на Серта
Откако Владата доцна синоќа прогласи кризна состојба во времетраење од 30 денови, поради зголемената појава на пожари на отворено на територијата на целата држава, утринава се мобилизираа припадниците на македонската армија. Екипата на Сител ги затекна на патот кој води кон штипските села Драгоево и Селце, во подготовка да интервенираат во гаснење на пожарот во атарите на двете села. Конвој воени камиони, цистерни и обучени војници за справување со огнени стихии ќе им помагаат на локалните пожарникари во локализирање на пожарите.
-Пожарот кон Селце и Драгоево, малку е стишен сега за сега. Ќе видиме во поладневните часови како ќе се развива ситуацијата. Сега со една екипа сме упатени кон Неготино. Ние одиме на линијата да не дозволиме да префрли кон нашиот дел, изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ-Штип
До доцна во ноќта гореше нискостеблеста и дабова шума и сува трева, а беше зафатена поголема површина.
-Над 70-80 хектари, некаде синоќа имаше пречник над 2,5 и 3,5 километри, додаде Ренџов
Во моментот нема опасност за двете села, но припадниците на армијата ќе останат на терен за брзо да интервенираат во случај повтроно да се разгори. Секое лето во овој реон има пожари, а голема пречка во гаснењето претставува непристапниот терен.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар