Штипските пензионери останаа без огревно дрво

Околу 500 пензионерски семејства во Штип, што од март плаќале на рати дрва преку Здружението на пензионери парите ќе им бидат вратени назад. Раководството на Здружението на пензионери одлуката ја донесе откако од двете фирми добавувачи им кажале дека може да ги испорачаат договорените количини од 3.000 метри кубни, но не по претходно договорената цена од 3.400 денари за буково и 3.500 за кубен метар дабово дрво.
Претседателот на Здружението на пезнионери за општините Штип и Карбинци, Ристе Нетков појаснува дека ова е трето барање за корекција на цената, а нема гаранација која би била новата, па Здружението за одлучило да им ги врати парите на своите членови.
– Ние немавме друго решение освен да ги извадиме парите од банка и да им ги вратиме на нашите членови кои имаа уплатено за огревно дрво. Но, не значи дека целосно се откажувме од подршката. Сам се менува начинот. Се договоривме добавувачите да контактираат директно со секој пензионер поединечно и ако се согласат тие на нова цена или количина тогаш тие ќе добијат дрва под новите услови, вели Нетков.
Претходно без традиционалните договори за дрва за огрев на рати останаа и 750 кочански пензионери.
Ново на Сител
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
-

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе
-

ЦУК во координација со институциите: Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица
-

Муцунски: Од земја која во минатото бараше помош, денес сме држава која ги штити своите граѓани и им помага на пријателите
