Штипските епидемиолози продолжуваат со тестирањето на работниците и наредната недела
Штипските епидемиолози со масовното тестирање на текстилните работници ќе продолжат и наредната недела, откако вчера се појави и уште еден позитивен случај на коронавирусот во нова конфекција со 250 вработени.
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека со новозатворената конфекција во скрингот се опфатени околу 800 работници. Тестирањето се одвива без никакви проблеми, а резултатите пристигнуваат брзо од лабораториите, па епидемиолозите имаат јасна слика и за контактите опфаќајќи семејства, пријатели на заразените. Со денешните брисови епидемиолозите за четири дена ќе имаат направено над 1.000 тестирања.
– Нашите мобилни тимови, но и тимот на пунктот во Здравствениот дом дневно земаат околу 200 брисови во Штип. Дополнително нашите тимови изминатите денови го извршија тестирањето и на вработените во детските градинки во Пробиштип и Радовиш. За вработените во Пробиштип се пристигнати резултатите и таму имаме двајца вработени кои се позитивни на тестовите, а за вработените во градинките во Радовиш ги очекуваме наскоро, вели Димитрова.
Таа истакна дека очекуваат наредната недела да стартува и тестирањето на вработените во штипските детски градинки.
Ново на Сител
-
Пукање на автопатот Тетово - Скопје
-
Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица
-
Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок
-
Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката
-
Викендов променливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи
-
Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС
-
На ГП Табановце влегле и излегле над 18.000, на ГП Богородица скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово
-
Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот