Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ меѓу првите 2000 универзитети во светот, според „Webometrics“

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип е рангиран на 1.970 место меѓу над 25.000 универзитети на светот објавено од страна на Јавниот истражувачки центар „Webometrics“ во Шпанија, кој работи во состав на Универзитетот за науччни истражув Google scholarања.
Зоран Здравев раководител на Центар за електринско учење при УГД-Штип вели дека листата е направена според цитираноста на научните трудови на универзитетите на Google scholar. Според него, ова е одлично рангирање на штипскиот универзитет, кое покажува дека она што го работат научниците од штипскиот униврзитет е отворено, достапно и прегледувано од научната заедница од целиот свет.
- Нашиот универзитет влегува меѓу првите 2.000 универзитети на светско ниво, според бројот на цитирања и евидентирани во Google scholar. Што е Google scholar? Google scholar е делGoogle и се бави исклучиво со евидентирање на научните публикации и нивното цитирање. Значи секоја научна публикација, која е правилно цитирана се појавува во Google scholar, се појавуваат авторите и се бројат нивните цитати. Значи се прават посебни профили за секоја организација, за секој научник и се бројат сите цитати, вели Здравев.
Тој додава дека влегувањето на оваа ранг листа е резултат на успешно спроведениот проект „Веб видливост“.
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев денеска рече дека рангирањето на универзитетите што се прави во светски рамки е значајно за универзитетот, со цел да се види што и како работат научниците.
- Нам ни е важно да бидеме видливи и да не гледаат другите што работиме, како работиме и каде се наоѓаме. Во тој поглед и ова рангирање „Webometrics“ е еден параметар по кој се препознаваме во делот на цитирањето на Google scholar, една посебна алатка во делот на науката и истражувањето, кои се рангираат на светско ниво, вели Боев.
„Webometrics” ги прави рангирањата според неколку критериуми – географската големина на универзитетите, присутноста во академскиот свет, објавените научни трудови и број на академски работници внатре во универзитетот, популарноста и посетеноста на сајтот на универзитетот и влијанието на веб-страницата. вдј/цр/14:03
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
