Штипскиот театар освои награда на фестивалот во Ресен

Народниот театар-Штип со претставата-дуодрама „Отворач на конзерви“ во режија на Стојан Матавуљ ја освои наградата на публиката и на Град Ресен „Наум Манивилов-Преспански“. Во претставата играат актерите Миле Вратеовски и Владимир Тулиев.
- „Отварач на конзерви“ е трагикомедија, дело на францускиот актер и режисер Виктор Лану. Заплетот почнува по експлозија во фабрика за производство на гуми за џвакање. Двајцата пријатели остануваат заробени во затворен простор каде што имаат само конзерва грашок. Целата приказна се врти околу губењето на отворачот, рече на прес-конференција Миле Вртеовски, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип.
Претставата е во копродукција со Општина Штип. Во последната театарска сезона ова е шеста награда за Штипскиот театар. Претходно, на други фестивали беа наградени претставите „На дното“ и „Лазаревото писмо“.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
