Бизнис
21. July 2015 - 16:45

Штипската населба Караорман ќе добие канализација

2000 жители од населбата Караорман, кај Штип ќе добијат канализација, со што ќе се приклучат на градската канализациона мрежа и колекторскиот систем.  Инфраструктурниот зафат е предизборно ветување и дел од програмата на ВМРО Дпмне, за подобрување на условите за живот на мештаните во приградските населби.

-Оваа инвестиција е предизборно ветување на градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев и на премиерот Никола Груевски. Ние денес започнуваме. Инвестиијата чини  400 000 евра, а ќе поставиме канализација во должина од 6 500 метри - изјави Ангел Бојаџиев, ВД директор на ЈП Исар-Штип

Веднаш по завршувањето на градежните активности, кои се планираат да финишираат до Нова Година, три приградски населби ќе бидат приклучени на водоводниот систем. Со тоа, околу 1500 жители од Чардаклија, Балканска и Македонка, кои досега се снабдуваа само со техничка вода, ќе добијат чиста вода за пиење.