Штипската Клиничка болница доби донација од 350.000 евра
Клиничка болница - Штип денеска доби донација од шведската невладина организација „Hand till hand“ во вредност од 350.000 евра.
Шведската невладина организација на Клиничката болница-Штип во март и донираше опрема и медицински материјал во вредност од 300.000 евра.
- Хуманитарната пратка се состои од хирушка операциска маса, операциски хируршки монитори за анестизија, неврохируршки инструменти, болнички кревети, ехо апарати, палета постелнини, пижами, електрични инвалидски колички и друг потрошен медицински материјал, рече изјави директорката на Клиничка болница – Штип, Елизабета Папарова.
Донатори на вредната медицинска опрема и материјал се брачниот пар Томас и Марија Розенгрен кои ја водат таа невладината организација, а воедно се и ктитори на малата црква која се гради во кругот на Клиничка болница-Штип.
- Се беше добро спроведено и од болницата беше документирано. Сакаме да работиме уште на вакви донации за Клиничката болница во Штип, рече Розенгрен.
Штипјанецот Алексадар Арсовски е линкот меѓу болницата и шведската невладина организација. Тој истакна дека веќе имаат доставено нова листа на барања, односно апарати и потрошен медицински материјал кој е потребен на болницата и изрази надеж дека наскоро ќе се обезеди и трета донација.
Новите кревети, електрични инвалидски колички и постелнина од денеска се распределуваат на одделенијата во болницата.
Ново на Сител
-
Малолетници обиле багер, се возеле и удриле во автомобил во Центар | ФОТО
-
Кремљ: Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети тоа ќе ја зголеми нивната вмешаност во конфликтот
-
Загаденоста на воздухот во Њу Делхи 60 пати над максималниот праг, училиштата затворени, граѓаните се гушат
-
Борел: Се надевам дека членките на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб
-
Воз излетал од шините кај Зелениково
-
Лице пријавено како изгубено во Маврово пронајдено во добра состојба
-
Ким Џонг Ун ја повика војската да се подготви за војна