Штипската фабрика за рециклирање на пластичниот отпад оствари добивка од два милиони денари
Во фабриката за рециклирање на пластичен отпад на штипското комунално претпријатие „Исар“ се преработуваат месечно од 15 до 20 тони, истакна на денешната прес-конференција директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев.
Тој забележа дека граѓаните пополека стекнуваат навики за селектирање на отпадот, со што се стекнуваат и со одредена економска добивка.
- Ние неодамна набавивме и 300 канти за исфрлање на сметот, набавивме и мали жолти и зелени пластични контењери за самите домаќинства, а од кои во жолтите се исфрла пластиката и подоцна се преарботува. Набавивме и четири нови камиони, четири трактори за исфрлање на сметот се со цел да се подобри комуналната хигиена, односно се со цел навреме да се исфрла ѓубрето во Општина Штип, вели Бојаџиев.
Тој истакна дека како комунално претпријатие почнале и со собирање на стаклен отпад, а најави дека работат и на проект за преработка на органскиот отпад. Фабриката за преработка на палстичниот отпад досега оставрила добивка од два милиони денари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев