Македонија
20. November 2022 - 16:43

Штипската болница кубури со кадар

Штипска Клиничка болница има недостаток од лекари, медицински сестри, болничари и хигиеничари. Потреба од медицински кадар има на сите одделенија.

- Најпотребни се анестезиолози, на одделот за ортопедија, за очни болести и на одделот за инфективни болести, каде имаме нај итна потреба, така и ќе го креираме планот за наредната година, кога ќе ги правиме програмите за специјализација – изјави Ален Геогргијев, директор на Клиничка болница - Штип.

Една од причините за недостаток на кадар е пензионирањето на персоналот, но и заминувањето на одреден број лекари специјалисти во приватно здравство или си отворија сопствени ординации.

- Се случи да ние во рок од 2-3 месеци останеме без 4 гинеколози, меѓутоа за среќа имавме во тој период лекари на специјализација по гинекологија, еден по еден се вратија и во моментот има 5 гинеколози. Можам да кажам дека сега не чувствуваме поголем недостаток на доктори која ќе се одрази на тековната работа на одделот за гинекологија и акушерство, изјави Георгијев

Деновиве се очекува да пристигне одобрение од Министерството за финансии за вработвање на нови 13 лица.

- Се работи за 6 доктори на медицина, за 6 медицински сестри и една акушерка. Тоа е последно барање, кое очекуваме да биде многу скоро потпишано- додаде Георгијев

Болницата со сопствени средства набави апарат за анестезија во вредност од 3 милиони денари, кој ќе се користи на сите одделенија каде се извршуваат хируршки интервенции.