Штипјани собираат средства за погодените региони
Штипјани во хумана акција. Денес и утре на три пунктови ќе се собира помош за настраданите лица од поплавите во тетовско. Граѓаните најчесто донираат храна, облека, вода, безалкохолни пијалоци и средства за лична хигиена, но и парични средства преку телефон.
Граѓаните се одзиваат на оваа хуманитарна акција во рамките на нивните можности, претежно донираат на телефонските броеви 143-400- изјави Никола Камчев, секретар на ОО на Црвениот крст- Штип
Во акцијата се вклучи и општината. Од таму велат дека Штип и штипјани отсекогаш биле подготвени да помогнат на оние кои се во невоља.
Донираат парични средства, прехрамбени производи, безалкохолни пијалоци, вода, се што мислат дека може да им помогне на оние кои настрадаа во тетовско- изјави Драган Ристов, портпарол на ЛС- Штип
Хуманитарната акција ќе трае до утре до 13,оо часот, кога ќе започне транспортот на донациите, а има најави дека слични активности ќе се реализираат и во останатите градови од регионот.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
