-->
-->
Штипјани излегоа на марш „За заедничка Македонија“
-->
Во Штип во тек е протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ –Илинден Четврти. Протестот почна од соборниот храм Свети Никола, по што продолжи по улиците во централното градско подрачје покрај реката Отиња.
Во моментов учесниците на протестот се кај кружниот тек кај зградата на Стопанска банка, каде што граѓаните говореа дека се против воведувањето на двојазичноста, поделбата на Македонија и разнебитувањето на државата.
Миа Ефремова претставник од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ –Илинден Четврти рече дека како млад човек нема ништо против различностите, но, како што рече, не на овој начин со затворени врати, со одлуки за промени кои не се во полза за иднината на младите во Република Македонија.
– Иако сметам дека различностите не зближуваат и треба да ја градиме својата иднина заедно, сепак сме граѓани на Република Македонија и не смееме да дозволиме ова да ни се случува и да останеме индеферентни, како младина, која се бори за сопствените права и сака да ја продолжи својата иднина во ова држава, рече Ефремова.
Во Штип протестите на „За заедничка Македонија“ се одвиваат мирно и без инциденти, а граѓаните велат дека за протестите дознале на социјалните мрежи и самоиницијативно учествуваат во нив.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија
-
Со кран се евакуираат станари од покривот на зградата во Чаир | ВИДЕО
-
Повреден пожарникар при гаснење на пожарот Чаир
-
СДСМ: Намалена просечната плата за 1.000 денари
-
МНР и НТ со осуда за иранскиот ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив
-
Гори зграда во Чаир, неколкумина повредени и евакуирани над 100 станари
-
Во Берово најстудено, температура под нулата
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот