Штип по 14 години воведува автобуски градски превоз

Штип по 14 години ќе воведе општински автобуски превоз. На денешната седница на Советот на Општинатa која се одржа по електронски пат, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски ја образложи pредлог одлуката за општински линиски превоз на патници на територија на Општината.
Бочварски вели дека ова барање постојано го слуша од страна на граѓаните во руралните средини, но и низ населбите во градот. Затоа, како што појасни, по 14 години општинскиот линиски превоз повторно ќе се стави во фунција.
„Паралелно со обезбедувањето на превозот на учениците, чија тендерска постапка е во тек, ние ја започнуваме и според изменетите законски регулативи и ја започнуваме исто така и постаопката за општински линиски превоз. Со што денеска е донесена одлуката на Совет, а во втора фаза веднаш нашиот сектор за сообраќај и инспектори ќе работат на вториот чекор, а тоа е повик кон сите заинтересирани превозници да се вклучат во овој општински линиски превоз“, рече Бочварски.
Тој смета дека граѓаните на Штип со воведувањето на автобускиот превоз ќе имаат уште едно решение за превоз низ нивните населби и централното градско подрачје.
Штипскиот градоначалник додава дека до сега Штип немал градски автобуски превоз, бидејќи фирмите не биле заинтересирани, но и од страна претходните локални власти немало ниту обиди за реализација на овој проект.
„Ова е потреба на граѓаните, Општината ќе направи се за да се реши овој проблем. Во колкав обем, со какви возила ќе бидат апсолутно треба да ги запазуваат сите законски критериуми, но тоа ќе оставиме да ги направат анализите од нашите служби заедно со компаниите, коишто би имале интерес да се јават на овој повик“, рече Бочварски.
Ново на Сител
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
-

Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер
