Македонија
8. November 2018 - 13:17

Штип одбележува 74 години од ослободувањето

Штип денеска одбележува 74 години од ослободувањето на градот. На свечена седница ан Советот на Општина Штип признанието „Осми Ноември“ беше доделено на новинарот Мишко Иванов, универзитетскиот професор Билјана Балабаона, актерката Јелена Јованова и на штипската компанија „Кит Го“.

Новинарот, Иванов истакна дека му е особено чест што највисокото општинско признание на градот Штип  доаѓа токму градот, каде што е роден.

– Уште повеќе и затоа што наградата е за развој на новинарството. Навистина, како што кажав ми претставува огромна чест што наградата доаѓа од мојот роден град, вели Иванов.

Универзитетскиот професор, Билјана Балабанова истакна дека за неа голема чест е што признание за нејзината научна работа доаѓа од една неакадемска институција.

– Сето тоа говори, колку нашата општина, нашиот град ја препознава науката како главните промотори и афирматори на градот. Науката не е индивидуална работа, сите научни резултати се постигнати како резултат на тимска работа, рече Балабанова.

Сопственикот на штипската компанија „Кит Го“, Кирил Гогов забележа дека наградата доаѓа во време кога компанијата е прогласена за една од најбрзо растечките компании во земјава, со 70 продавници и супер маерките низ земјава и со над 1.000 вработени.

– Признанието ми е посебно драга, затоа што доаѓа од мојот град, каде што сум роден, а овде живеам, работам, инвестирам и се развивам во нашата општина, изјави Гогов.

Љубица Јованова мајка на актерката Јелена Јованова се заблагодари во нејзнио име, а воедно ги пренесе и нејзините зборови пред присутните.

– Кога признанието доаѓа од дома, верувајте значи најмногу. Штип е еден голем сонувач и извор на таленти. Овој град ме постави на патот, на којшто стојам, ме обликува во голема мерка во личност, којашто сум денес. Вечно благодарна и доследна ќе му бидам, вели Јованова.

Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски на свечената седница на Советот на Општина Штип истакна дека градот под Исарот одбележува 74 години од своето ослободување.

– Денеска чествуваме, споменуваме и ја величиме храброста на нашите сограѓани, кои ги положија своите животи за Штип денеска да живее во мир, слога, просперитет. Прифаќајќи ги предизвиците и новитетите што ги носи своето време, потенцира Бочварски.

Тој во обраќањето нагласи дека во изминатата година почнаа да се реализираат неколку капитални проекти, како што е изградбата на детската градинка, гасификацијата, документацијата за брана на река Отиња, реконструкции на улици и тротоари и обезбедување на вода за пиење и за приградските населби. 

Ново на Сител