Македонија
1. September 2023 - 12:55

Штип од денеска со јавен градски превоз

Од денеска стартува линискиот градски превоз во Штип. За оваа долгогодишна потреба на граѓаните, општината набави 7 нови автобуси во вреедност од 50 милиони денари. Билетот за градски превоз ќе чини 30 денари, а за приградските населби и Карбинци ќе се движи од 35 до 90 денари во еден правец.

Со превозот ќе менаџира ЈП “Стипион’, кое на сите постојки ќе објави мапи и информации за активните линии.

- Во исто време се работи на мобилна апликација која ќе ги содржи сите информации за опинскиот линиски превоз и која преку ГПС ќе го следи движењето на автобусот и граѓаните ќе имаат увид за колку време возилото ќе биде на одредена постојк, изјави Панче Стефановски, директор на ЈП „Стипион“.

Зад воланот на високо софистицираните еколошки и економични автобуси седат искусни возачи.

- Имам 15години искуство. Сум возел и по Европа. И јас и колегите сме со долгогодино искуство и мислам дека ќе бидеме безбедни возачи на патниците- изјави Миле Јорданов, возач на автобус.

Првите 3 дена превозот е бесплатен за сите граѓани, а потоа од плаќање на билети ќе бидат ослободени учениците, децата до 5 години и лицата со попреченост и инвалидитет.