Штип го има единствениот патнички лачен мост на река Брегалница
Во Штип денеска со почеток свечено ќе биде пуштен во употреба новиот мост на реката Брегалница, кој треба да го растерети сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“ и на Кемниот мост на реката.
На пуштањето во употреба на мостот најавено е обраќања премиерот, Оливер Спасовски, вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
Со пуштањето на новиот мост на Брегалница, Општина Штип и официјално во употреба ја заврши и изградбата на новата обиколница од улицата „Борис Крајгер“ до булеварот „Гоце Делчев“, која ги поврзува најголемите штипски населби Сењак, Дузлак, Баби, Дузлачки Рид, Света Недела, 8 Ноември и Автокоманда со индустрсикиот дел на градот. Првата и втората фаза од обиколницата се инвестиција на Општина Штип и чинат околу 58 милиони денари.
Челичниот мост на реката Брегалница е тежок 240 тони, долг е 60, широк е десет метри, од едната страна има и тротоарна површина, по која ќе се движат пешаците. Штип по 65 години добива нов мост на реката Брегалница , којшто ќе биде и единствен патнички лачен мост во земјава, а ќе ја има функцијата да го растерети сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“ и на Камениот мост на река Брегалница.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната