Штип ги троши последните резерви на вода
Енормната потрошувачка на водата за пиење, при екстремно високи темпЕратура, со сигурност ќе доведе до секнување на чешмите во Штип и околните населени места. ЈП „Исар“ се соочува со големи загуби на вода во водоснабдителната мрежа од над 60 %. Главна причина е застарената водоводна инфраструктура, но и кражбите и нерационалната потрошувачка.
-Да водат сметка за тие тревници, за наводнувањето на бавчите, за користењето на вода за пиење за непродуктивни цели, туку да се користи водата во овие сушни времиња, за пиење и за лична хигиена. Доколку се продолжи со тоа енормно трошење на водата, ќе дојдеме во ситуација, не да правиме рестрикции, туку само по себе ќе снема вода-изјавио Здравко Коцев, директор на ЈП „Исар“ - Штип.
Во филтер станицата влегуваат 220 литри вода во секунда, а во водоводниот систем се пуштаат 350 литри вода во секунда. Разликата се надополнува од резервите во резервоарот на станицата со капацитет од 1700 кубни метри вода. Доколку хидролошката состојба осТане непроменета, а потроШувачка продолжи да расте, многу е веројатно дека за брзо време резервите на вода ќе бидат целосно исцрпени.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар