Македонија
12. September 2018 - 19:48

Штетата од јулското невреме во прилепско изнесува три милиони евра

Комисијата за елементарни непогоди при Општина Прилеп процени дека штетите од невремето кое на 23 јули го погоди прилепскиот регион зафаќајќи површина од околу 1.000 хектари иизнесуваат околу 3 милионии евра. Од 1.315 барања за обештетување, одобрени биле 1.263.

„После ова следува препраќање на вкупниот извештај до второстепена комисија на Влада од каде очекуваме одговор“, вели Жарко Северкоски, претседател на Комисија за елементарни непогоди.

Годинава за прв пат и Општина Прилеп ќе даде пари за обештетување на земјоделците.

„Колку од барањата кои ќе бидат доставени од наша страна ќе бидат прифатени, колвава површина и колкав број на население ќе биде опфатено со обештетувањето ние како Совет врз основа на тој податок ќе донесе одлука колку средства од буџетот ќе се одделат за да се изврши обештетувањето“, рече Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.  

Спопред досегашното искуство Владата години наназад обештетувала 10 до 12 % од сумата на проценетата вредност. Во случајов тоа би било околу 300.000 евра, но сепак останува да се види.