Штефан Мајер: Сосема е разбирливо што Тереза Меј не беше на состанокот на ЕУ за Брегзит
Германскиот пратеник Штефан Мајер, кој е и советник на канцеларката Ангела Меркел за внатрешна политика, го критикуваше однесувањето на лондонските медиуми при известувањето од состанокот на 27-те членки на ЕУ за Брегзит, на кој не присуствуваше британската премиерка Тереза Меј .
- Сосема е разбирливо, што Меј не беше на еден таков состанок, на кој другите земји членки расправаа за стратегијата на ЕУ за преговорите за Брегзит и за идните европско-британски односи, изјави Мајер за радио Би-Би-Си.
Медиумите во Лондон, дури и оние кои силно заговараа Брегзит и „враќање на британската независност“, навредено реагираа на веста дека Меј е „исклучена“ од Самитот во Брисел, дека за „Британија вратата била затворена“, како и дека британскиот премиер на Самитот се соочил со „изолација и одбегнување“.
Таа на Самиот беше затоа што Велика Британија се уште е член на ЕУ и на него присуствуваше само на вчерашната сесија, но не беше денеска како што отсуствуваше и на редовната работна вечера на лидерите на земјите членки.
Меј немаше покана за „кусиот работен состанок“ околу договорот за стратегијата на ЕУ во преговорите за Брегзит, што Лондон најавува дека ќе почнат до крајот на март следната година, а што во Брисел не се толкува како знак за „отфрлање“ на Лондон уште пред Брегзит.
Претставник на Даунинг стрит 10 не објасни зашто Меј не била повикана и на тој состанок, туку тоа го искористи за да и порача на домашната јавност дека „затворената врата (за Велика Британија) е знак оти и во Унијата веќе им е јасно оти земјата заминува од ЕУ“.
Германскиот пратеник Мајер, меѓутоа, ја отфрла таквата интерпретација на случувањата во Брисел од последниот Самит.
Тој тврди дека лондонските медиуми ја „измамиле“ британската јавност пишувајќи за „изолацијата“ на Меј во текот на нејзниот престој во белгискиот главен град.
Мајер објаснува дека постојат бројни докази - фотографии и телевизиски снимки - од кои може да се види дека Тереза Меј се сретнала и разговарала со повеќе свои европски колеги.
- Не е точно дека никој не сакал да разговара со британскиот премиер, изјави Мајер за радио Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти