„Шпигел“: ЕУ ја засилува контролата на северната граница на Грција
Европската гранична агенција Фронтекс планира да ја засили контролата на границите на Грција кон Албанија и Македонија, поради стравување од евентално пропаѓање на договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на мигрантскиот прилив, тврди германскиот магазин „Шпигел“.
Според весникот, во рамките на овој план Фронтекс во текот на јануари и февруари ќе ја засили граничната контрола со испраќање на уште 60 свои припадници, кои ќе бидат распоредени долж границите на Грција со Македонија и Албанија.
Ова е прво зајакнување на силите на Фронтекс на овие две граници од почетокот на мисијата на европските гранични полицајци, што според експертите, е показател за зголемените стравувања во Брисел дека Анкара би можела да го анулира договорот со ЕУ за запирање на мигрантите, што евентално би создало нов бегалски бран од неколку десетици илјади лица, кои би се обиделе да стигнат до Западна Европа по т.н. балкансак мигратнска рута.
Според „Шпигел“, новите припадници на Фронтекс ќе се вклучат во пасошките контроли на граничните премини, но и во патролирање долж граничната линија, со цел да се спречи илегален премин на мигранти од Грција кон двете соседни земји.
Уште минатата недела тим на претставници на Фронтекс и на грчката полиција биле во инспекција на пограничните реони, наведива „Шпигел“, додавајќи дека со планот се предвидува и отворање на уште два оперативни центри на европската гранична агенција - во Кукуш и во Евзони на грчко-македонската граница.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум
-
Келог: Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна
-
Белата куќа ќе ги објави целосните резултати од систематскиот преглед на Трамп
-
Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“ во Белград, Вучиќ ќе зборува на централниот собир пред Народното собрание
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-
Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Семејството кое загина во хеликоптерската несреќа во Њу Џерси славело роденден на ќерката
-
Мицкоски во посета на Граничниот премин Блаце – започнува со работа системот „One Stop Shop“