Шпанското обвинителство бара 4 години и 9 месеци затвор за Карло Анчелоти за финансиска измама
Шпанското обвинителство побара четири години и девет месеци затвор за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој е обвинет дека затаил повеќе од еден милион евра од шпанските даночни власти.
Адвокатот на тренерот, Карлос Сабала рече дека случајот е „јавно понижување“. Италијанецот (65) е обвинет за затајување данок за време на неговиот прв период во Реал помеѓу 2013 и 2015 година.
Обвинителот во случајот тврди дека се докажани намерите за „измама, прикривање и пропуштање информации“.
Адвокатот Сабала тврди дека Реал Мадрид бил причина за „договорна конфузија“ со барањето да се исплати дел од платата на тренерот во форма на авторски хонорари за да има корист од „поповолните даночни услови“.
-Господинот Анчелоти не разбрал што точно потпишува, увери тој.
За време на неговото сослушување во средата, самиот Карло Анчелоти рече дека „никогаш немал намера да изневерува“ и „не сфатил дека прави нешто лошо“. Тој додаде дека сите играчи го прават тоа, како и неговиот претходник во Реал, Жозе Мурињо. Португалскиот тренер беше осуден на една година условна затворска казна и парична казна од речиси 2 милиони евра откако се изјасни за виновен во 2019 година.
Ново на Сител
-
Седумнаесет тони нафта се излеаја во Јадранското Море кај хрватскиот остров Хвар
-
Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати
-
Муцунски-Ибрахимовиќ: Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати
-
Приведени двајца крадци од Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката
-
Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија
-
Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова
-
Приведен кавадарчанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти