Шпанскиот премиер Санчез формираше влада, повеќето министри се жени
Шпанскиот премиер Педро Санчез потврди 22 министри во неговата малцинска левичарска влада, во која останаа многу од неговата претходна влада, вклучително и министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, со пет места за помалиот коалициски партнер Сумар.
Санчез, по неизвесните избори одржани пред четири месеци, формираше нова коалициска влада која во следните четири години ќе управува со оваа медитеранска земја со 47 милиони жители.
„Оваа влада ќе започне нова фаза со поголема решителност, желба и ентузијазам од кога било“, рече 51-годишниот лидер на Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ).
Владата ќе придонесе за стабилноста на земјата“, додаде тој, говорејќи од седиштето на владата во Мадрид.
ПСОЕ и Сумар, која е група мали левичарски партии, заедно имаат 152 претставници во Парламентот од 350 места, така што ќе им треба поддршка за усвојување закони од регионалните партии на Каталонија, Баскија, Галиција и Канарските Острови, кои минатата недела гласаа за новата влада.
Во неа дванаесет министерства ќе раководат жени, од кои четири ќе бидат вицепремиерки. Меѓу нив е и Јоланда Дијаз, лидерката на Сумар, која останува на функцијата министерка за труд.
Тој помал коалициски партнер ги доби и министерствата за социјални права, здравство, култура и за деца и млади.
Новина е што од редовите на Сумар, заедничкото движење на левицата формирано пред летните избори, нема никој од партијата Подемос.
Во претходниот состав беа две министерки од таа партија, кои претходните денови побараа од Санчез прекин на дипломатските односи со Израел поради масовните убиства на цивили во Палестина.
Шпанската десница повеќе од две недели протестира против Санчез, пред неговата социјалистичка партија во Мадрид.
Незадоволни што постигна договор со регионалните партии за независност во Каталонија и Баскија, вклучително и завршување на судските постапки против организаторите на забранетиот референдум за независност на Каталонија во 2017 година, тие го обвинуваат за „предавство“ и „државен удар“.
Синдикатот „Солидарност“ најави генерален штрајк за петок во знак на протест.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец