-->
-->
Шпанскиот фудбал го „тресе“ расистички скандал
-->
Голем скандал се случи во шпанскиот фудбал на средбата помеѓу Кадиз и Валенсија која заврши со победа на домашните од 2-1. Средбата беше во прекин половина час поради расистички навреди. Муктар Дикаби имаше конфликт со Хуан Кала, по што цела екипа на „лилјаците“ го напушти теренот.
По краткиот прекин фудбалерите на Валенсија се вратија на теренот, но без Диакаби, кој не сакаше да игра додека фудбалерот од Кадиз не биде казнет.
Ова е уште една ситуација која ќе има удар на европскиот фудбал, а сигурно и раководството на Ла Лига ќе додели жестоки казни поради расистичкиот скандал. Во записникот стои дека Кала го нарекол Диакаби „црно гомно“ а неофицијално се дознава и дека шпанската федерација вршела голем притисок врз Валенсија да го продолжи натпреварот заканувајќи се со драстични казни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите