Шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера на проштална средба со министерот Османи
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на проштална средба со шпанскиот амбасадор во земјава Емилио Лоренцо Сера, му врачи плакета-благодарница за неуморниот ангажман во продлабочувањето на односите меѓу двете држави и за континуираната поддршка што Шпанија ја дава за интеграцијата на Македонија во Европската Унија, соопшти МНР.
– Имаме одлични и пријателски односи со Кралството Шпанија, а во нашата колективна меморија ќе остане запаметено вонредното ангажирање и одржување на видеоседницата на Сенатот на Шпанија со цел последната ратификација на Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО, во март 2020 година, истакна Османи.
Како што информира МНР, двајцата соговорници разменија мислења и за добрососедските политики во регионот, внатрешнополитичката состојба во земјата, како и за други актуелни меѓународни прашања со геополитичка конотација.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Уставен остана без претседател
-
Гласачкото ливче со двајца, а желба за член на Судски совет има еден кандидат
-
Замениците ги преземаа министерствата
-
Прва координација кај Гаши - партиите без договор за формирање на собраниските тела
-
Филипче ќе се кандидира за претседател на СДСМ, во трката се Петровска и Деспотовски
-
Две третини од граѓаните на лето се ладат во автобуси и трговски центри оти немаат пари да го изладат домот
-
Нема операции, пациенти си одат дома без интервенции
-
Одложено судењето за Мерко