-->
-->
Шпански функционер, близок до премиерот, позитивен на коронавирус
-->
Шефот на шпанскиот Центар за вонредни ситуации при Министерството за здравство Фернандо Симон, кој го предводеше тимот за борба против новиот коронавирус, е позитивен на Ковид-19, соопшти неговата заменичка Mарија Хозе Сиера.
Симон одржуваше редовни контакти со шпанскиот премиер Педро Санчез.
Сиера, исто така, информираше дека е променет трендот на заболување, па сега бројот на новозаразени е за 12 отсто поголем од претходниот ден, а досега растот беше од 20 отсто.
Од првиот случај на коронавирус во Шпанија на 30 јануари, досега се потврдени 85.195 случаи на зараза. Од последиците на овој вирус во таа земја досега починаа 7.340 пациенти, а се излекуваа 16.780 лица. Од Шпанија повеќе заразени имаат само САД и Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален