-->
-->
Шпанија, Португалија и Србија противници на младите македонски фудбалери на Еуро 2017
-->
Младата фудбалска репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европскиот шампионат за играчи до 21 година што следната година ќе се одржи во Полска.
Репрезентациите на Шпанија, Португалија и Србија ќе бидат противниците на нашата млада фудбалска селекција на нејзиното деби на завршницата на Европското првенство во Полска.
Ова е исходот од денешната ждрепка по која Македонија се најде во групата Б заедно со Португалија како носител, силната Шпанија и нашиот северен сосед Србија која преку баражот се избори за место на ЕП.
Според извлечените броеви, избраниците на селекторот Милевски дебито ќе го имаат на 17 јули против Шпанија. Три дена подоцна (20 јули), Македонија ќе игра против селекцијата на Србија, додека групната фаза црвено-жолтите ќе ја заокружат со дуелот против Португалија на 23 јули.
Натпреварите од оваа група ќе се играат во Гдиња и Бидгош
Средбите од другите две групи ќе се играат во Киелце, Лубин, Тихи каде ќе се игра и еден полуфинален меч, како и Краков кој покрај дуелите од групната фаза и полуфиналето ќе биде домаќин и на финалниот натпревар.
Во другите две групи ќе играат:
А група: Полска, Словачка, Шведска и Англија.
Ц група: Германија, Чешка, Италија и Данска.
Европското првенство за фудбалери до 21 година ќе се игра од 16 до 30 јуни следната 2017 година.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово