Македонија
5. јуни 2023 - 19:44

Шпанија најавува продолжување на позитивниот став за проширувањето

Шпанија во јули ќе ја наследи Шведска на кормилото на ЕУ, со ветување дека позитивниот став кон проширувањето нема да се промени. Поддршката за македонските евроинтеграции ја потврди и шпанскиот амбасадор во земјава.

Шпанија е една од земјите која и самата се соочувала со низа пречки и проблеми во процесот на присташувањето кон ЕУ и затоа за нив се разбирливи македонските фрустрации, но пораката е дека напорите на крај е се исплатат.

Сепак Унијата ќе мора да почека за да ги види приоритетите на новото претседателство. Шпанија на 23 јули оди на предвремени избори и се додека не се знае кој ќе биде новиот премиер нема да се знае ни европската агенда. Актуелниот премиер Санчез кој на 13 јули пред европскиот парламент требаше да го презентира шпанскиот план за следните шест месеци, веќе побара одложување на седницата за септември.