Loading Video...
Свет
28. October 2021 - 12:29

Шпанија ќе ги враќа парите на граѓаните кои беа казнети за непочитување на ковид-мерките

Шпанија ќе им ги враќа парите на сите граѓани кои беа казнети поради непочитувањето на ковид-мерките.

Државата се одлучила на овој потег откако Уставниот суд на почетокот на оваа година пресуди дека првата вонредна состојба која Шпанија ја прогласи минатата година од 14 март до 21 јуни во која сите граѓани освен оние кои се вработени на итни работни места мораа да останат во куќите е неуставна. 

Полицијата во тој период казнила граѓани, кои ја прекршиле наредбата да останат дома како и други мерки со 1,1 милион евра. Во Шпанија од почетокот на пандемијата се пријавени речиси 5 милиони случаи на инфекција при што умреле најмалку 87 илјади луѓе.