Шпанија: 15-годишник ги убил родителите и братот поради кавга за оцените
15-годишно момче си ги убило родителите и братот во семјениот дом во близина на шпанскиот град Аликанте наводно по расправија за слаби оценки во училиште објавија медиумите денеска.
Тинејџерот, прво со пушката на татко му ја застрелал мајка си, птоа го убил помладиот брат. Тактокот во тој момент не бил дома, но штом се вратил, два часа подоца, момчето го убило и него.
Трагедијата се случила во семејната куќа во вторникот. Според полицисите извештаи, тинејџерот ги чувал телата во блиската шупа. Момчето седело во семејната куќа, се до петокот кога дошле двете негови тетки на кои им го признал злосторството објавуваат локалните медиуми.
Според тврдењата на медиумите, момчето се скарало со родителите поради лошите оценки во училиште и забраната за пристап до интернет. Полицијата засега не ги потврдува овие наводи. Од плицијата е потврдено дека тинејџерот е во притвор и дека ги признал убиствата.
Ново на Сител
-
Д Фестивал годинава со хуман карактер за настраданите во кочанската дискотека
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци