Шоуто „Кардашијанови“ го најави својот крај
Реалното шоу „Кардашијанови“ (Keeping Up with the Kardashians) ќе заврши по претстојната, 20-та сезона, односно наредната 2021 година. Семејството тоа го соопшти на Инстаграм.
„Со тешко срце мора да се збогуваме со шоуто ‘Кардашијанови’. По 14 години, т.е. 20 сезони, стотици епизоди и неколку спин-оф емисии, решивме како семејство да го завршиме ова толку специјално патување. Ние сме премногу благодарни на сите вас што нè следевте сиве овие години – низ добрите и лошите времиња, среќата, солзите и многуте врски и деца. Засекогаш ќе ги имаме прекрасните спомени и оние безброј луѓе што ги сретнавме на ова патешествие“, стои во известувањето.
Реалното шоу започна со прикажување 2007 година. Благодарение нему, меѓу другото, супермоделките, и подоцна инфлуенсерки – Ким и Клои Кардашијан, Кајли Џенер, но и другите, заработија милијарди долари.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење