Шолц повика да запре проширувањето додека не се смени начинот на одлучување во ЕУ
Повикот на канцеларот Шолц Унијата да се реформира за да биде способна да прифати нови членки, не е студен туш за проширување сметаат експертите туку најава дека Брисел сериозно размислува за промени во одлучувањето и ставањето на целиот процес врз реални основи. Симонида Кацарска од ЕПИ вели дека Шолц во своето обракање во Прага токму тоа го најавува. За една до две години ке се знае што точно Унијата очекува од проширувањето, вели Кацарска. Таа е уверена дека земјите членки ке го задржат правото на вето за прием на нови членки, но самиот процес ке биде растерен од консензуалното одлучување.
Украина и Молдавија со добивање на кандидатскиот процес влегоа во истата група со земјите од Западен Балкан, кои се многу понапред во реформскиот процес, вели Кацарска, нешто што ке мора да има предвид во натамошното проширување.
Од неколку центри во Унијата се заговара замена на едногласниот начин со мнозински, особено во секторот на надворешната политика, но проширувањето секогаш било најтешкото прашање за отворање и либерализирање, што се покажа и со француското воведување на новата методологија, која привремено го блокираше процсот за македонија и Албанија.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар