Шолц бара да се сменат правилата на гласање во ЕУ
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе ги вложи сите напори за Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за ЕУ. Според него, ЕУ треба да се отвори и за други земји, а тој се залага и за реформи во Унијата, пред сè кога станува збор за правилата на гласање.
Шолц упати барање ЕУ да премине на донесување надворешнополитички одлуки со квалификувано мнозинство, што подразбира укинување на правото на вето на поединечни земји, но, мала е веројатноста да ја добие поддршката од Франција и од уште неколку земји, јави порталот Политико.
Зборувајќи пред пратениците во Бундестагот, пред Самитот на Европскиот совет, што треба да се одржи денеска и утре, Шолц истакна дека одлучно ќе се залага на Украина и на Молдавија да им се додели статус кандидат за членство во ЕУ. Тој посочи оти ваквата заложба носи одредени обврски.
– Ќе ги вложам сите напори во Европскиот совет за да обезбедам цела ЕУ едногласно да ги прифати кандидатурите на Украина и Молдавија за членство, најави германскиот канцелар.
Како што тој додаде, „ЕУ исто така мора да биде способна да прими нови членови“.
Тој повтори дека се залага за реформи во ЕУ, првенствено за промена на правилата на гласање, со што би се спречило поединечни земји да блокираат мнозински одлуки, особено нагласувајќи ја надворешната политика како област каде потребна е таква промена.
Неколку земји од ЕУ, вклучувајќи ја Франција, веќе изнесоа забелешки за укинување на правото на вето во клучни области, како што е надворешната политика.
Шолц повика да се усвои Маршаловиот план за обновување на Украина по војната. Тој најави дека Германија ќе инсистира на создавање „меѓународни експертски конференции на високо ниво“ за координација во напорите за обнова на Украина.
Ново на Сител
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
-

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци
-

Македонските превозници го блокираа „Ќафасан“ за товарни возила, патничкиот сообраќај се одвива непречено
-

Кремљ: Преговорите за Украина сè уште се во рана фаза
-

Двајца малолетници од Радовиш запалиле паркиран автобус
-

Гостин за моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“: Не го забележавме, кажаа од бендот, пред излезот веќе настана стампедо и се чувствуваше мирис на чад
