Шокот помина, цените на нафтата почнаа да растат
Цените на нафтата на светските берзи пораснаа денеска, откако централните банки на повеќе земји низ светот објавија дека ќе понудат финансиска поддршка по изгласаниот Брегзит.
Ова предизвика оптимизам и во нафтениот пазар, па така американската „лесна“ нафта за испорака во август денеска во Азија се продаваше за 0,7 отсто поскапо односно за 48,67 долари за барел. Во исто време, северноморската нафта „брент“ во договорот за испорака во септември поскапе за 0,78 отсто на 50,1 долари за барел.
- Се чини дека инвеститорите бараат причини за оптимизам во поглед на опоравувањето по Брегзитот, рече Бернард Оу, аналитичар од компанијата „ИГ Маркетс“.
Познавачите на состојбите на нафтениот пазар сметаат дека минатонеделниот пад на резервите американско „црно злато“ исто така оди во прилог на покачувањето на цените. Но, континуиран раст на цените е можен само во случај ако поизводителите кванитативно го намалат своето производство.
По пазарниот шок предизвикан од резултатот од референдумот за излегување на Обединетото Кралство од ЕУ минатиот четврток, кој предизвика пад на цените на сите берзи, неделава следеше нормализација на состојбата.
Ново на Сител
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД