-->
-->
Шокантни детали за големата полициска акција
-->
Шокантни детали за големата полициска акција: Полицајци спремале хемиско оружје за терористи

Полицијата во Србија изминатите денови проведе голема акција, а српските медиуми излегоа со детали за истата. Во акцијата која се одвивала во Шабац, лисици биле ставени на началникот на полицијата во овој град, како и на други полициски службеници. Тие се обвинети за повеќе кривични дела и манипулации низ годините во кои биле на должност.
Се работи за 43-годишниот Славиша С, инаку началник, потоа 51-годишниот Влатко м. 52-годишниот Ранко Ж и 43-годишниот Зоран М. кои биле тројца најблиски соработници на началникот на Шабац. Биле прибавени многу докази, им биле прислушувани телефоните, а биле поставени и камери во канцелариите.
Ништо не укажувало дека ќе бидат уапсени, акцијата со месеци се држела во тајност, се додека колегите не ставиле лисици на рацете на шефовите и останатите колеги.
Денеска српскиот Курир излезе со шокантни детали. Вчера во големата акција бил уапсен и сообраќајниот полицаец Г.Д. (47), кој продавал жива од која се прави експлозивот на исламските теорирсти кои прават напади насекаде низ светот.
Живата преку Косово стигнувала до финалните купувачи.
Наскоро повеќе детали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кариерен ден што ги отвора вратите за младите
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
