-->
-->
Шок за фановите на мото-спортот: Почина поранешниот Мото ГП шампион
-->
Претставници од болницата во Чезена соопштија дека поранешниот првак во Мото ГП, американскиот мотоциклист Ники Хејден ја загубил најважната битка во животот. Тие соопштија дека тој починал поради повредите добиени при сообраќајна несреќа во близината на Римини.
Тој во група од десетина пријатели возел велосипед, кога на него налетал автомобил, Американецот бил однесен во болница во Римини, од каде со тешки повреди на градите и главата бил итно пренесен во клиниката во Чезена.
Двата хирушки зафати кои хирурзите ги извршиле врз 36 годишниот Хејден, се покажале недоволни за да се спаси животот на славниот мотоциклис.
Хејден во 2006 година ја прекина доминацијата на Валентино Роси, кога ја освои титулата во Мото ГП шампионатот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија