Живот
7. February 2018 - 10:53

Шок во крематориумот: Телото на покојниот експлодираше во печката

Меѓу службениците од крематориум во британскиот град Болтон завладеала паника кога експлодирало тело во текот на процесот на кремација.

Една од вработените потврдила дека тоа навистина се случило, како и дека до тоа дошло поради предметите кои членовите на семејството ги ставаат покрај телото на покојникот.

-Има тука мобилни телефони, електронски цигари, алкохолни пијалоци...повеќето од нив навреме ги забележуваме и ги отстрануваме од покојникот пред кремирањето, но некогаш нешто ќе ни побегне како овој кокос и тогаш се случува тоа што се случи, рече таа.