-->
-->
Шок снимка од здравството: Пијана медицинска сестра се ниша во ходник и ги губи епруветите, директорот вели, ова не е прв пат
-->
На снимката која за српските медиуми ја доставил загрижен граѓанин, се гледа жена во бела униформа, најверојатно медицинска сестра, која како што вели пациентот, се обидува да стигне до лабараторијата во новиот Клинички центар во Ниш, но во тоа не се снаоѓа баш најдобро. Зашеметено одeлa, зборeлa споро и неразбирливо, и паѓалe резултатите и епруветите, а личноста која го пратила видеото тврди дека таа мирисала на алкохол.Граѓанинот за кој се сомнева дека медицинската сестра е пијана е загрижен за безбедноста на пациентите кои одат во Клиничкиот центар.
Директорот на Клиничкиот центар вели дека прв пат го гледа видеото и дека не знае за која жена станува збор , како и дека нема начин како да се идентификува со оглед на тоа дека лицето е скриено, па не може да утврди дали е вработено во Клиничкиот центар, тој исто така додава дека и порано имало пријава дека работниците биле под дејство на алкохол или опојни супстанци, па сака на овие скандали да стави крај.
- Го молам лицето кое го направило видеото додека барало помош од личноста во белата униформа утре да ми ја достави снимката за да утврдиме дали личноста е вработена во Клиничкиот центар во Ниш, изјавил директорот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
