Балкан
6. April 2019 - 20:54

Шок на Косово: Откриена уште една жолта куќа каде Албанци има ваделе органи на Срби

Полицијата уапси пет лица под сомненеие дека во една дива клиника близу Приштина илегално тргувале со човечки органи и се занимавале со незаконски трансплантации.

На Косово повторно е откриена нелегална трговија со органи, објави српски Курир. Сомневањата се дека Албанци, по некогашниот случај „жолта куќа“, повторно тргуваат со органи на Срби.

Косовската полиција во акција спроведена во вторникот и средата уапси пет лица под сомнение дека во дива клиника близу Приштина илегално тргувале со човечки органи и вршеле незаконски трансплантации.

На самото место се пронајдени материјани докази, меѓу другото и здравствени картони на седум пациенти, како и друга медицинска докуметација, а истрагата за овој случај траела неколку месеци. Инаку, сомнежите се дека една од дејностите на оваа дива клиника била и трговија со клетки и дека се вршени и инвитро оплодувања.

-Има индиции дека луѓе поврзани со оваа клиника врбувале сиромашни Срби и неалбанци и дека биле посредници во продажбата на нивните органи на богати клиенти, односно пациенти, од кои некои се од Запда, вели извор близок до истрагата за Курир.

Се додава дека на клиниката се извршени најмалку седум трансплантации, односно вонтелесни оплодуваања, но се сомнева дека таа бројна и многу поголема, зошто во некои случаи документацијата е скриена. Полицијата истражува кои во овие случаи биле купувачи, а кои продавачи на органи.

Клиниката по налог на инспекцијата е затворена, а ова инаку е втор ваков случај на Косово во последните неколку години.

Пред неколку месеци двајца Албанци од околината на Приштина се осудени на затворски казни зошто судот утврдил дека учествувале во илегални трансплантации на 23 бубрези. Приштинскиот уролог Љуфтија Дервишај е осуден на седум ипол години затвор и парична казна од 8.000 евра, а Сокољ Хајдини на година дена затвор. Во тој случај, врзан со клиниката „Медикус“, купувачи на органи во некои случаи биле од Израел, а операциите на бубрег чинеле од 80.000 до 100.000 евра.

Исто така, да потсетиме, на Косово и порано имаше трговија со органи на Срби и неалбанци. Според познатиот извештај на Дик Марти, Срби од Косово во текот на војната се носени на подрачјето на Албанија, во озлогласената „жолта куќа“ каде на сила им се вадени органи и продавани на клиенти од Запад.