Шојгу: Русија го зајакнува југозападното крило поради зголеменото присуство на НАТО во Украина
Русија го зајакнува југозападното крило, поради засиленото присуство на НАТО во пограничниот дел и нестабилната состојба во соседна Украина, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
-Руското Министерство за одбрана презема соодветни мерки за реакција во врска со подобрувањето на воено-политичката состојба на југозападното крило како резултат на зголеменото воено присуство на НАТО во Источна Европа, ситуацијата во Украина и активностите на меѓународните терористички групи, вклучително и во северен Кавказ, истакна Шојгу.
Од 2013 година ние формиравме четири девизии, девет бригади и 22 полкови, вклучително две ракетни бригади, вооружени со ракетни комплекси „Искандер“, кои ни помогнаа да ја зајакнеме огнената моќ за уништувањето на потенцијалниот противник, додаде рускиот министер за одбрана.
Ново на Сител
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
-
Владата наскоро со мерки против високите цени
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ