Шојбле: Грчките мерки за штедење се на вистинскиот пат
Мерките за штедење што ги презеде Атина се чекор во вистинската насока, изјави денеска во Берлин германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле во пресрет на средбата со неговите колеги од Еврозоната во Брисел, на која е можно да биде постигната спогодбата за новото финансирање на Грција.
- Одлуката од Владата и Парламентот (на Грција) се значајни и се во вистинската насока, изјави германскиот министер за финансии на заедничката прес-конференција во Берлин со францускиот министер на економија Бруно ле Мер.
- Структурните реформи се од решавачко значење за подобрувањето на грчкиот раст, дополни Шојбле.
Оваа изјава Шојбле ја даде пред денешната попладнецна средба во Брисел на 19-те министри за финанси од Еврозоната и на претставници на Меѓународниот монетарен фонд, кои се вклучени во третиот план за помош на Атина во вредност од 86 милијарди евра, што беше донесен во јули 2015 година.
Ново на Сител
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет