Свет
16. March 2022 - 8:38

Шмигал: Украина претрпе штета над 500 милијарди долари

Премиерот на Украина, Денис Шмигал на изјави дека неговата земја од почетокот на руската инвазија претрпе штета од над 500 милијарди долари.

Тој, на  вчерашната средба со лидерите на трите земји од ЕУ – Чешка, Полска и Словенија во Киев, истакна дека Русија по војната треба да плати за обновата на Украина.
 
Шмигал додаде дека Украина ќе побара финансиска помош од сојузниците.