Шлепер се излизга и излета од патот Куманово – Крива Паланка поради локалното невреме
Поради локалното невреме што синоќа ги зафати Крива Паланка и околината, во кривините кај месноста Просеченик се излизгал шлепер со албански регистарски ознаки и излетал од патот.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека настанот се случил синоќа, околу дваесет и два часот и четириесет минути, за време на невремето проследено со грмотевици и силни електрични празнења.
-Нема настаната поголема материјална штета, а возачот е во добра состојба, додека во моментов се работи на отстранување на шлеперот од делот покрај патот, полициски службеници се на теренот и го регулираат сообраќајот. Toj не е во застој,но треба да се вози внимателно, посочи портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Од полицијата апелираат граѓаните да се придржуваат до пропишаната брзина на патот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да бидат совесни учесници во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен