Фудбал
14. July 2016 - 9:44

Шкртел во „градината на фенерите“

Стоперот на словачката фудбалска репрезентација Мартин Шкртел(31) кариерата ќе ја продолжи во турскиот вицешампион Фенербахче, по осум години поминати во Ливерпул.
 
 
Според информациите во британските медиуми, вредноста на трансферот е околу 5,5 милиони фунти. 
 
Шкртел во Ливерпул пристигна во јануари 2008 година од Зенит од Санкт Петербург и за екипата од Ејнфилд вкупно одиграл 319 натпревари и постигнал 18 голови.
 
За словачката репрезентација Шкртел досега има 83 настапи и пет голови.