Живот
24. February 2017 - 9:50

„Шкрпењето“ повеќе ги оштетува забите од џвакањето

Горните и долните заби треба да се допираат само кога се јаде. Но, секој втор човек повремено „шкрипи“ со забите, а секој петти тоа го прави редовно, велат стоматолозите.

Некои луѓе шкрипат со забите само во сон, што се нарекува бруксизам, а други несвесно го прават тоа и во текот на денот. Во секој случај, таквата навика прави притисок врз забите, многу поголем од џвакањето.

- Притисокот може да биде и до 600 килограми по квадратен инч, изјави Дитмар Естерајх, потпретседател на Здружението на германски стоматолози (БЗАЕК).

Шкрипењето е штетно за забите, затоа што може да ги затупи секачите, очниците, катниците и претканиците.

- Со тоа се губи глеѓта на забите и тие ја губат изворната форма, вели Естерајх.

Според него, во таков случај забите ќе почнат да реагираат на студено и топло, делови од нив можат да се скршат, а пломбите да паднат.